Промени тема
Контакт

Ормускиот теснец во фокус: Лондон одобри американски напади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Обединетото Кралство ѝ даде „зелено светло“ на американската армија да ги користи британските воени бази за напади врз ирански цели поврзани со нападите на бродови во Ормускиот теснец, соопштија британски официјални лица.

— реклама —

Одлуката е донесена на седница на владата и претставува проширување на претходното одобрение, кое дозволуваше користење на базите исклучиво за одбранбени цели од ирански напади. Со новата одлука, САД ќе можат да ги користат капацитетите и за операции насочени кон, како што се наведува, „способности што се користат за напади врз бродови во Ормускиот теснец“.

— реклама —

Од кабинетот на премиерот Кир Стармер нагласуваат дека Велика Британија нема директно да учествува во нападите и дека не се менува основниот пристап кон конфликтот, кој и понатаму е насочен кон деескалација.

Одлуката доаѓа во услови на интензивирање на конфликтот меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга, кој трае веќе три недели. Ормускиот теснец, низ кој поминува значителен дел од глобалната трговија со нафта, се наметна како клучна точка на кризата.

— реклама —

Нападите врз трговски бродови и заканите за затворање на теснецот веќе предизвикаа сериозни нарушувања во поморскиот сообраќај и силен раст на цените на енергенсите на светските пазари.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри реториката кон сојузниците, обвинувајќи ги дека не покажуваат подготвеност да помогнат во обезбедувањето на теснецот и оценувајќи дека без САД, НАТО „не вреди ништо“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnqggkuq7e1afVssmvy

„Њујорк тајмс“: САД подготвуваат нов голем напад врз Иран, разработен план за тридневна операција

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjgophhe4evq21KnGWtW

Иран постави „црвена линија“: Признавањето на правото на збогатување ураниум е клучно

Свет | пред 3 дена

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран најави затворање на дел од пловните рути во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања