Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ослободени шесте Срби, уапсени од косовските специјалци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
kosovo

Сите шест Срби, кои беа уапсени од специјалните сили на косовската полиција во Зубин Поток, беа ослободени вечерта, објави Радио Контакт Плус.

Тие биле ослободени од обвинението откако судијата на Основниот суд во Косовска Митровица, Лилјана Стевановиќ, го одбила барањето на Косовското обвинителство да наложи притвор.

— реклама —

Радио Контакт Плус наведува дека судијката оценила дека нема доволно докази од обвинителството за продолжување на притворот на Србите, кои ги попречувале специјалците во апсењето на полицијците и царинските службеници од мешан етнички состав на северот од Косово.

Инаку за време на акција на косовската полиција специјалците направиле катастрофален пропуст заборавајќи зад себе таен документ со детали од оперативен план за акција во кој покрај имињата на осомничените се наведени и имиња на полицајците што учествувале во акцијата за нивно приведување.

— реклама —

Информацијата ја пренесе српскиот весник „Вечерње Новости“, наведувајќи дека доверливите документи биле пронајдени од страна на граѓаните.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања