Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Осма по ред: Пратеникот Апасиев, со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
413918405_939687520847646_8694728758751548017_n

Пратеникот и претседател на Левица Димитар Апасиев, во текот на денешниот ден, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе нова кривична пријава, осма по ред, против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, заради основано сомневање дека сторил кривично дело „Повреда на рамноправноста на граѓаните“ – казниво по чл. 137 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од шест месеци до пет години.

„Пријавениот Џафери се терети дека со тенденциозното чување во фиока и непроцесуирањето на Предлогот за поведување граѓанска постапка на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум (2022) за заклучоците од т.н. Француски предлог, грубо ја повредил еднаквоста пред Уставот и законите на овластениот предлагач, и ги пречекорил своите овластувања – ставајќи се себеси во улога на собранискиот пленум, кој единствено (на седница) има надлежност да оценува дали една иницијатива е уредна или не!

— реклама —

Со тоа, подносителот Апасиев бил целосно оневозможен во остварувањето на неговите уставно и законски загарантирани права и слободи, што е потврдено и со стручно Мислење на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (2023) – која веќе утврди „директна дискриминација врз основа на политичко уверување“ врз оштетениот Апасиев, кој сега се јавува во улога на пријавител.

— реклама —

Како поткрепа на кривичната пријава, доставени се и серија материјални писмени докази, од кои се гледа дека во тридецениската плуралистичка парламентарна историја – никогаш се нема случено собраниски спикер да ја оценува уредноста на референдумски иницијативи и да ги узурпира ингеренциите на Собранието, па така – сите досегашни иницијативи на граѓаните, кои се околу 20-на на број, се уредно проследени до матичните работни тела и до пленумот – освен иницијативата на Апасиев!

— реклама —

Ја известуваме македонската јавност дека, до завршувањето на мандатот на овој најконтроверзен претседател на Собранието на независна Македонија, правниот тим на Левица ќе поднесе уште најмалку две кривични пријави за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања