Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Османи: Да останеме на брзата патека за членство во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Денес, во работна посета на државата беа министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски, ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето евро-пристапно досие.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Министерот Османи изрази благодарност за силната и гласна поддршка на Австрија, Чешка и Словачка за европскиот пат на нашата држава, додавајќи дека тоа се земји пријатели на проширувањето со земјите од Западен Балкан, кои добро ги познаваат актуелните политички случувања во регионот, но и геополитичкиот контекст во кој се одвиваат процесите на Балканот.

— реклама —

— реклама —

„Проширувањето на Унијата е соочено со интегративен моментум кој не треба да го пропуштиме. Република Северна Македонија не смее да си дозволи да се издвои и да припадне во група на земји кандидати или потенцијални кандидати кои имаат отворени прашања и за кои нема да има брза патека за пристапување во ЕУ. Напротив, ќе направиме историска грешка ако не останеме на сегашната патека, на која многу тешко се вративме, после долги години чекање“, подвлече Османи.

Османи истакна дека има отпор наметнат од претставници на опозицијата, за кој вели дека е ирационален, со оглед дека ни најмалку не ја менува суштината на уставното уредување на државата, туку само се допрецизира и онака мултиетничката структура на нашата држава.

„Во наредните неколку недели пратениците ќе бидат ставени пред изборот, да подржат измена на Уставот што секако претставува наша цивилизациска обврска и придобивка или ќе ја затвориме таа врата со изговори на кои потоа никој нема да се сеќава“, додаде Османи.

— реклама —

Воедно, министерот Османи ја поздрави најавата за новиот План за развој на Европската комисија како навремен одговор на нашето барање за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон пристапно членство. Во овој план се предвидува приближување на Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ, продлабочување на регионалната економска интеграција, забрзување на основните реформи и зголемување на претпристапните фондови за земјите од Западен Балкан.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања