Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Османи – Џачка: Односите меѓу нашите две земји одамна го надминуваат прагот на добрососедство и тие се втемелени на основите на стабилно и долгорочно пријателство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
osmani

Во рамките на официјалната посета на Република Албанија, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Олта Џачка.

Министрите отворија бројни теми од взаемен интерес за развојот на билатералните односи, за внатрешно-политичките случувања во двете земји, за соработката во НАТО, европската перспектива, регионалните иницијативи, а се зборуваше за можноста за унапредување на соработка и во рамките на останатите секторски политики.

„Неспорно е дека односите меѓу нашите две земји одамна го надминуваат прагот на добрососедство и тие се втемелени на основите на стабилно и долгорочно пријателство. Сметам дека ова наше пријателство ги надминува интересите само на нашите две земји и претставува еден од најзначајните столбови за стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион“, изјави Османи.

— реклама —

Заокружувањето на евро-атлантската агенда, со акцент врз формалниот почеток на преговорите за членство во Европската унија беше една од важните теми на дискусија на состанокот. Шефовите на дипломатиите се согласија дека истрајноста на двете држави на овој курс и актуелните реформи поврзани со тоа, претставуваат дополнителна гаранција не само за просперитет и подобрениот стандард на граѓаните, туку и за севкупниот развој и односите во рамките на самиот регион.

— реклама —

Соговорниците ја подвлекоа потребата од реализација на проекти за инфраструктурно и енергетско поврзување, но и интензивирање на соработката во други области, како трговијата, туризмот, културата, образованието. Посебен фокус беше ставен и на Иницијативата 8, како вреден форум за унапредување на трилатералната соработка.

„Имаме добра шанса да обезбедиме комплементарност и реализација на сите иницијативи, вклучително и на Иницијатива 8, имајќи предвид дека со тоа ја зацврстуваме патеката што води кон Брисел“, нагласи Османи.

Во продолжение на посетата на Тирана, министерот Османи ќе се сретне и со претседателот Илир Мета, државниот министер за дијаспора Пандели Мајко,  како и со лидерот на Демократската партија на Албанија Љуљзим Баша.

— реклама —

фото: Министерство за надворешни работи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања