ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Османи: Едно можам да гарантирам, ниту имало прослава, ниту имало непочитување на протоколите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dui1

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој ја објави фотографијата од групирањето на ДУИ во новиот објект на Министерството за политички систем вели дека немало непочитување на протоколит.  Османи објасни  дека тоа било само момент заради фотографирање.

— реклама —

„Немаше ниту прослава, ниту партизација, ниту непочитување на протоколите. Имаше момент на промовирање на новиот објект на Министерството каде еден од вработените го изненади претседателот Ахмети со честитка за неговиот роденден и тој миг се искористи за да се направи слика. Во тој дел нема апсолутно кршење на протоколите. Тука прифаќам една грешка дека можеби пораката што се дава до граѓаните на слика без маска треба да се минимизира, независно што тоа е без маска во миг поради сликањето, а не одржување на некаква церемонија без маски, но да, не треба да се пуштаат слики без маска. Едно можам да гарантирам, ниту имало прослава, ниту имало непочитување на протоколите. Треба да ги видите и другите слики за да видите дека тоа е миг на изненадување во кој тие што се најдоа во моментот, направија слика. И нема ништо жал ми е што стана причина за вакви чувства и нервози кај граѓаните и не треба да се повтори во тој дел, слики без маски заради порака. Во никој случај немаше кршење на протоколите“, рече министерот Османи.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања