Османи: Естонија претставува модел на успешна европска приказна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_5473-3

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со нерезидентниот амбасадор на Република Естонија за Република Македонија, Даниел Ерик Шаер, кој по повод истекот на неговиот мандат е во посета на нашата земја.

— реклама —

„Естонија претставува успешна европска приказна, модел од кој Македонија стекнува важни искуства, и чија континуирана поддршка има особено значење за нашите европски интеграции.“ - истакна Османи, изразувајќи искрена благодарност до амбасадорот Даниел Саер, за континуираната поддршка од неговата земја, но и за неговото лично залагање во изградбата на пријателството меѓу двете земји.

— реклама —

„Македонија се наоѓа во последната подготвителна фаза пред почетокот на преговорите со Европската Унија, и во овој момент поддршката од пријателите има особено значење за нашиот успех“ истакна Османи, посочувајќи на напредокот во исполнувањето на обврските на земјава, како во имплементацијата на спогодбите со соседите, така и во адресирањето на реформските приоритети.

— реклама —

На крајот од средбата Османи ја реафирмираше благодарноста на Владата за досегашната успешна соработка меѓу двете земји, посакувајќи му притоа успех на Н.Е. Ерик Шаер во неговиот натамошен професионален ангажман

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања