Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Османи ги загрозува евроинтеграциите на Македонија, треба да си поднесе оставка, велат од Демократски сојуз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
17435997_1321462517933888_1706608406782984374_o

Демократскиот сојуз оценува дека министерот за надворешни работи Бујар Османи, со претераните, необјективни и манипулативни ставови за внатрешно-политичките состојби, ги загрозува евроинтеграциските процеси на Македонија.

— реклама —

„Прво, во јуни 2022 година Османи го прифати Францускиот предлог, Општиот став и Заклучоците на Советот на Европската Унија, без претходни пошироки стручни и политички консултации. Второ, консултациите што подоцна под притисок на експертите, невладиниот сектор и политичките партии се одвиваа имаа неискрен и крајно манипулативен карактер. Османи тврдеше дека доколку Парламентот и Владата ја прифатат Преговарачката рамка, ќе има една меѓувладина конференција за почеток на преговарачкиот процес, а не две, како што сега најавува“, велат од ДС.

— реклама —

Министерот тврдеше, како што велат од оваа партија, дека протоколите кои секоја година ги усвојуваат Бугарија и Македонија не се дел од Преговарачката рамка, а тие всушност се, дека македонскиот јазик е признат без какви било забелешки за што како круцијален доказ го користеше договорот со ФРОНТЕКС, но вистината е дека во ниту еден од документите, вклучително и во Преговарачката рамка, не е предвидено дека по приемот на Македонија во ЕУ македонскиот јазик ќе биде официјален и еден од службените јазици во ЕУ.

— реклама —

„Османи тврдеше дека по прифаќањето на Преговарачката рамка, ќе почнат пристапните преговори со ЕУ, но во суштина почнат е само скрининг-процесот, а за преговорите и за отворање на кластерите неопходни се уставни промени, без реципроцитет и гаранции дека Бугарија нема да може историските прашања да ги користи за вето на процесите поврзани со евроинтеграциите на Македонија. Доколку има 80 пратеници кои би гласале за уставните промени, Османи нема потреба да се конфронтира со сите кои не поддржуват уставни промени под диктат на Бугарија, која не ги признава македонскиот народ и јазик“, се истакнува во соопштението од оваа партија.

— реклама —

Aнализите на ДС како што велат, покажуват дека Османи лекомислено прифатил обврски за целата држава, а сега не може да ги исполни. Потенцираат дека по ваков дебакл, Османи треба да си поднесе оставка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања