„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Османи и Нухиу немаат право да го посетат Морина во притвор, одлучи судот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
osmani

Кривичниот суд ги одби барањата на вицепремиерот, Бујар Османи, и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, да го посетат поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, кој се наоѓа во екстрадициски притвор. Според дописот до кој дојде ТВ21, барањето се одбива бидејќи функционерите немаа право да посетуваат притворени лица.

— реклама —

„Во врска со вашето барање од 30.07.2019 година без број, да биде издадена согласност лицето Томор Морина, кое се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје, денес да биде посетено од страна на Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија д-р Бујар Османи и Заменик Министер за внатрешни работи Агим Нухиу, ве известуваме дека согласно одредбите од чл. 178 од Законот за кривична постапка, лица кои вршат функција Заменик Претседател на Влада на Република Северна Македонија и Заменик Министер за внатрешни работи, не се лица кои може да посетат притвореник“, се вели во известувањето од Судот испратено до Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања