Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Османи: Имплементацијата на Планот 18, основа за уште еден позитивен извештај од ЕК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
2

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел одржа брифинг пред претставниците на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан / проширување (КОВЕБ/КОЕЛА) каде информираше за процесот на европската интеграција на земјата.

— реклама —

На состанокот Османи брифираше за напредокот на земјата во испорачување на предвидените реформи во насока на подготовка на земјата зa почеток на преговорите за членство со Европската Унијата, посочувајќи притоа на динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, особено во клучните области на владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

— реклама —
— реклама —

„Имаме исклучително успешна динамика на имплементација на предвидените реформи до Планот 18, што верувам дека ќе резултира со уште подобар извештај на Европската Комисија од минатогодишниот, заедно со уште една безусловна препорака до Советот на ЕУ“, истакна Османи, изразувајќи недвосмислено очекување дека овој напредок ќе резултира со конфирмација на одлуката на Советот на ЕУ во јуни, за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

За време на работната посета на Брисел Вицепремиерот Османи ќе земе учество и на брифингот во влијателниот тинк-тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: ‘Хоум ран’ во преговорите за пристапување?“. Подоцна Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ - безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation), а ќе оствари и средби со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, како и со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања