„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Османи изненаден, аперила за побрза истрагата од СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
osmani

Откако СЈО објави дека отвори истрага против ексминистерот за здравство, сега вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, тој вели дека за него, потегот на Обвинителството е изненадување. Османи додава дека како министер за здравство, но и сега, работел според законот во интерес на граѓаните.

— реклама —

„Информацијата за отворената истрага од страна на СЈО, иако уште претходно како шпекулација ја имав слушнато и прочитано во медиумите, сепак претставува изненадување за мене, особено спомнувањето на моето име во контекст на евентуални злоупотреби. Во мојата политичка и воопшто професионална кариера, и како Министер за здравство порано, и сега, како Вицепремиер, предводник на Секретаријатот за европски прашања, секогаш сум работел според закон, и во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Задржувајќи го истиот принцип, сакам да испратам неколку пораки:

Поведената истрага ја сметам за нормална, коректна и професионална обврска на Обвинителството и во таа насока стојам на располагање и на Специјалното Јавно Обвинителство, и на било кој друг правосуден орган во земјава, за соработка во интерес на идентификување на целосната фактичка состојба. Сакам да потенцирам дека немам што да кријам, напротив, очекувам што е можно побрза и поефикасна истрага, а со цел да се утврди вистината - дека ниту сум влијаел, ниту сум можел да влијаам, а ниту сум можел да бидам запознаен со евентуална злоупотреба, секако, доколку таква постоела“, се вели во посмената изјава на Османи.

— реклама —

Во новата истрага на СЈО која се води под името „Пациент“ во која се осомничени за 15 лица, еден од нив е и поранешниот министер за здравство, Бујар Османи, а сегашен вицепремиер. Според СЈО, постои основано сомнение дека осомничените ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапки по јавни набавки за извршување градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе јавни здравствени установи низ државата.

СЈО смета дека постои основано сомнение дека во 2010 година четворица од осомничените, Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, како одговорни лица – претседател и членови на комисијата за јавни набавки во Министерството за здравство на РМ, при вршење на јавна набавка за изведување градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе јавни здравствени установи низ Македонија, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда, а осомничениот Бујар Османи, како министер за здравство, наместо да го одбие предлогот на Комисијата, донел решение за избор на најповолна понуда на понудувачот ГБС – Благоевград – Република Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања