Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Османи ќе го отвори младинскиот форум во рамки на Претседателството со ОБСЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе ја отвори Kонференцијата за млади на тема „Младински иновации и претприемништво: создавање одржлива иднина во регионот на ОБСЕ“, која се одржува во Скопје.

— реклама —

Овој младински форум е во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, а на него младински претставници од земјите-учеснички во ОБСЕ низ интерактивни сесии ќе имаат прилика да дебатираат и изнаоѓаат иновативни решенија за решавање на социјалните и еколошките проблеми во нивните заедници.

— реклама —

Оваа конференција доаѓа како резултат на централните приоритети на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, каде интеграцијата на младинските перспективи во сите три димензии на Организацијата претставува многу важен дел, а пак резултатите и препораките кои ќе произлезат од форумот ќе бидат презентирани и на Министерскиот совет на ОБСЕ кој ќе се одржи на крајот на овој месец во Скопје.

— реклама —

Воведната сесија ќе биде модерирана од специјалниот претставник за млади, Мемет Жаку, а покрај Османи, воведни обраќања ќе имаат и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер и шпанскиот амбасадор во Северна Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања