Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Османи: Македонија останува доверлив партнер на САД во регионот, силно посветена на промоцијата на западните вредности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Osmani-Berkli1

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на неколкудневната работна посета на Вашингтон, оствари средба со Вилијам Беркли, директор за НАТО и Европски прашања во  Националниот Совет за Безбедност при администрацијата на Белата куќа

— реклама —

„Веројатно не постои подобар тајминг за оваа средба, имајќи го предвид и формалното потпишување на протоколот за НАТО, со што Македонија и официјално седнува на столчето во евроатланската алијанса“ – изјави Османи на средбата, посочувајќи го овој успех како заеднички интерес на сите НАТО земји, а за што упати особена благодарност за поддршката на САД во овој процес.

— реклама —
— реклама —

„Македонија останува доверлив партнер на САД во регионот, силно посветена на промоцијата на западните вредности, демократијата и стабилноста во регионот“ изјави Османи, пренесувајќи ја пораката од страна на Владата за посветеноста кон реформскиот процес, изградбата на стабилни и цврсти институции, како и добри односи со соседите. Османи посочи на активностите во реформскиот План 18, како основа и за напредок и во евроинтегративниот процес, посочувајќи на нашите очекувања за уште еден позитивен извештај и препорака од страна на Европската Комисија, како основа на која очекуваме почеток на преговорите со ЕУ оваа година.

На денешната Агенда на Османи се и посетите на најголемите американски меѓународни институти, каде ќе оствари средба со Пол МекКарти, регионален Директор за Европа при Меѓународниот Републикански Институт ИРИ (IRI), како и со Шери Брајан, Потпретседател на Демократскиот Национален Институт НДИ (NDI). Претходно, Османи учествуваше и на тркалезната маса каде пред претставниците на една од највлијателните тинк-тенк организации во САД чија тема е соработката на САД и Европа - „Германскиот Маршалов Фонд“ (German Marshal Fund), имаше свое обраќање на тема: „Следните чекори: Македонија на пат кон демократските реформи и членството во НАТО и ЕУ“ (Next Steps: Macedonia on the Road to Democratic Reform, NATO and EU Membership)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања