Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Османи – Мередов: Воената агресија на Русија против Украина продолжува да се заканува на целокупната стабилност на регионот на ОБСЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на својата посета на Туркменистан имаше средба со министерот за надворешни работи, Рашид Мередов, со кого одржа и заедничка прес-конференција.

— реклама —


Како што изјави Османи, на средбата со Мередов разговарале за теми од заеднички интерес поврзани со ОБСЕ, а се осврнале и на регионалните прашања што го засегаат Туркменистан и поширокиот регион на ОБСЕ.

— реклама —


— реклама —

„ОБСЕ минува низ турбулентен период. Воената агресија на Русија врз Украина продолжува да се заканува на целокупната стабилност на регионот на ОБСЕ предизвикувајќи, пред сè, огромно човечко страдање. Тоа не само што ја загрозува работата на ОБСЕ туку има силно влијание врз нашите земји оставајќи длабоки социо-економски последици за луѓето“, истакна Османи.


Регионот на централна Азија, пак, исто така е погоден и од економската и од социјалната нестабилност во Авганистан, уште една ситуација за која е потребен заеднички одговор во рамките на ОБСЕ за ублажување на ризиците, рече Османи.

— реклама —

„ОБСЕ ќе продолжи да служи како единствена платформа за дијалог и ќе ги поддржи земјите учеснички во справувањето со овие влијанија преку рамката за акција на ОБСЕ како одговор на импликациите од ситуацијата во Авганистан за регионот на ОБСЕ“, истакна Османи на прес-конференцијата.


Османи и Мередов разговараа и за поддршката што Туркменистан ја добива преку Центарот на ОБСЕ во Ашгабат во насока на помош на земјата за борба против корупцијата, управувањето со граничната безбедност во насока на ефективно справување со прекуграничните предизвици, помош на ранливите групи, особено помош за сузбивање на родово базираното насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања