Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Османи: Мотото „Ние сме НАТО“, не е веќе само обична парола, ова е реалност и ние сме навистина НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
osmani-1

Во рамките на денешното учество на Министерскиот состанок на НАТО, Министерот за надворешни работ Бујар Османи испрати пораки за првото присуство на Република Северна Македонија, на масата на Алијансата како полноправна членка.

— реклама —

 „Да се биде рамноправен со 30-те најмоќни во светот не е само лична сатисфакција, туку гордост за сите наши граѓани. Не е тоа само симболична разлика туку суштина на нашиот напредок како држава: наместо како досега, кога за нашите прашања се разговараше на состаноци на кои информациите ги дознававме од нашите колеги, сега сме присутни на масата, директно да учествуваме и да го претставиме нашиот став за сѐ она што се случува во светот “, истакна Османи, упатувајќи и на првиот јубилеј, првата годишнина од нашето членство во НАТО на 27 март.

— реклама —

„Навистина убава можност, тука од Брисел, од седиштето на НАТО, да потсетиме дека со членството во НАТО не само што се смени нашата улога на меѓународната политичка и безбедносна арена, туку и суштински се засили улогата на Алијансата во целиот регион. “, истакна Османи, посочувајќи на подготвеноста на земјата и кадровски и технички и политички да одговори на предизвиците на членството во Алијансата.

„Мотото ‘Ние сме НАТО’, не е веќе само обична парола, ова е реалност и ние сме навистина НАТО. Бидете горди, во овие моменти ја исцртуваме нашата идна историја, го остваруваме сонот на голем број генерации пред нас, создавајќи безбедна, стабилна и просперитетна иднина за генерациите после нас.“, заклучи Османи

Северноатлантскиот Совет на Министрите за надворешни работи на земјите – членки на НАТО се одржува денес и утре во Брисел, за прв пат после една година со физичко присуство поради пандемијата КОВИД19

фото: Министерство за надворешни работи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања