Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Османи на средба со Борисов и Захариева, ќе разговараат за актуелните состојби во регионот, регионалната соработка и други значајни меѓународни теми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Osmani

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре, 9 октомври, ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде што ќе има средби со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и со вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

„Посетата претставува прва билатерална посета на министерот Османи и е во духот на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји и интензивирањето на политичкиот дијалог. На средбата ќе се разгледаат можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на инфраструктурата, здравството, одбраната, туризмот, образованието, културата, како и сите други области, во кои се остварува успешна соработка во согласност со напорите за спроведување на договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, соопштија од МНР.

Од таму велат дека министерот Османи со премиерот Борисов и со Захариева ќе размени мислења за напредокот на регионот во процесот на европската интеграција, како и за активностите што ѝ претстојат на Република Северна Македонија, напредокот на реформскиот процес и одржувањето на првата меѓувладина конференција и формалното почнување на пристапните преговори со ЕУ до крајот на годината за време на германското претседавање со Советот на Европската Унија.

Како копретседавачи со берлинскиот процес, министерот Османи со својот домаќин, министерката Захариева, ќе ги разгледа досега преземените и идни ангажмани во пресрет на состаноците и самитот на берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 10 ноември во Софија.

— реклама —

Тема на разговорите ќе бидат и актуелните состојби во регионот, регионалната соработка и други значајни меѓународни теми.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања