„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Османи: Очекуваме извештај од Европската Комисија за конфирмација на одлуката за преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
osmani_hahn3

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел оствари средба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

— реклама —

На средбата беа отворени темите за напредокот на земјата во испорачување на предвидените реформи во насока на отпочнување на претпристапните преговори со Унијата. Османи реферираше пред еврокомесарот Хан за динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, особено во клучните области на владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

„Очекуваме уште подобар Извештај за напредокот на земјата кој ќе го рефлектира реформскиот моментум во земјата, заедно со уште една препорака која ќе претставува основа за конфирмација на одлуката на Советот на ЕУ во Јуни, за почеток на преговорите со Република Северна Македонија“, истакна Османи на средбата. Во иста насока Османи реферираше и за активностите во создавањето и обуката на преговарачката структура во земјата, вклучувајќи ги тука и успешните објаснувачки состаноци со Европската Комисија, кои редовно се одржуваат според предвидената динамика.

— реклама —

Во текот на посетата на Брисел, Вицепремиерот Османи ќе оствари и средба со Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, одржа брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), а ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“. На маргините од посетата, Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ - безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation).

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања