Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Османи: По 20 дена сѐ уште без аргумент против суштината на преговарачката рамка со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес преку видео порака се обрати до граѓаните заблагодарувајќи се за коментарите и дискусијата која се поттикна од видеото кој тој сними пред 20 дена.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Во тоа видео, министерот сликовито ја објаснуваше суштината на преговарачката рамка со Европската Унија. Договорите со соседите, особено Договорот со Бугарија и прегледите од член 12 од Договорот не се дел преговарачката рамка, рече тогаш Османи. Во денешното видео, министерот вели дека и по дваесет дена се уште нема аргументи против ова тврдење и уште еднаш потврдува дека овие сегменти не се дел од преговарачката рамка и за нив нема гласање од страна на земјите-членки на Европската Унија.

— реклама —

— реклама —

Според Османи, неговиот обид искрено да ја претстави преговарачката рамка, преку визуелно испишување на нејзините составни делови, бил со цел да поттикне дебата која ќе биде фокусирана на вистината и преку која објективно ќе се презентираат фактите.

„Сепак, забележливо е дека иако имаше бројни коментари, ниту еден не даде опиплив аргумент за да ги побие фактите што ги презентирав. Основната порака останува непроменета: договорите со соседите и прегледите не се дел од посебните сегменти на преговарачката рамка, каде што има писмено известување и гласање од страна на земјите членки“, вели Османи во видеото.

Министерот уште еднаш повика доколку постојат спротивставени ставови, тие да бидат презентирани со аргументи и со искрен пристап преку кој ќе се покаже дека навистина се грижиме за иднината на државата.

— реклама —

„Искрениот дискурс ја зајакнува нашата демократија. Го почитувам секој од вас, без разлика дали сте се согласиле со методот или не. Нашата крајна цел е посветла европска иднина за Северна Македонија и верувам дека заедно со отворен дијалог и со факти можеме тоа да го постигнеме“, вели Османи.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања