„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Османи: Почетокот на преговорите со ЕУ зависи само од нас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sostanok-osmani-1

Денес во Владата на Република Македонија, се одржа 41. состанок на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој го водеше Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи. На состанокот беа отворени актуелните теми поврзани со европските интеграции на земјата: објаснувачкиот скрининг, статусот на имплементација на Планот 18, статусот на НПАА 2019-2021, статусот на апсорпцијата на ИПА и сл. На состанокот беше направен пресек на клучните индикатори по кои се следи напредокот во процесот на европската интеграција на нашата земја.

— реклама —

„Тукушто се вратив од две многу важни посети, на земјата претседавач - Романија, како и Финска која по Романија ќе претседава со Европската Унија. И не само таму, туку и на сите останати средби и разговори, пораката која ја добивам е јасна - веќе немаме пречки на патот на нашето европско и интегрирање и почетокот на преговорите зависи само од нас“ - истакна Османи на почетокот од состанокот, посочувајќи на присутните дека токму овој Работен Комитет ја претставува сржта на раководната структура која треба да ги испорача предвидените реформи во следните два месеци.

— реклама —

„Фокусот во претстојниот период ќе биде на мерките кои се преземени за реализација на препораките од Извештајот на Европската комисија за 2017година, обрнувајќи посебно внимание на Итните реформски приоритети, двата извештаи на групата високи експерти во областа на владеење на правото, Планот 18, укажувањата и препораките од состаноците на телата во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, препораките од Извештаите за спроведените оценски мисии и одржаните технички состаноци, и во таа насока денес ќе ги разгледаме досега реализираните активности“, посочи Османи.

Во продолжение на состанокот беа разгледани и статусот на реализацијата на НПАА 2019-2020, статусот на спроведувањето на ИПА, како и статусот на реализација на обврските од оценските мисии.

Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) претставува највисоко административно тело на Владата во кое членуваат државните секретари на министерствата, претседавачите на Поткомитетите, Генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања