Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Османи пред посетата на Туск: Ќе почнеме преговори во октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
BUJAR-OSMANI

Одлуката за старт на преговорите во октомври се поклопува со стартот на претседавањето со ЕУ од страна на Хрватска во јануари следната година, кога очекуваме и да го отвориме првото поглавје со ЕУ во рамките на преговорите, истакна денеска вицепремиерот задолжен за европските прашања Бујар Османи во Брисел, кој работната посета таму ја почна со средба со претставничка на Република Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбиќ.

— реклама —

Тој пренесе благодарност до Згомбиќ за континуираната поддршка која Хрватска ѝ ја обезбедува на Република Северна Македонија.

— реклама —
— реклама —

-Како дел од регионот, но и како дел од заедничката историја, Северна Македонија и Хрватска негуваат континуирани пријателски односи, во интерес не само на двете земји, туку и на целиот Балкан, а во насока на промоција на европската идеја во регионот,  истакна Османи.

— реклама —

Османи за време на престојот во Брисел, каде ќе оствари средба со Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската Комисија, каде ќе биде реафирмирана подготвеноста на земјата за старт на преговорите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања