„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Османи се сретна со Јанакакис, вонренден и ополномоштен амбасадор на Република Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Osmani-Greqia-1

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го прими вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Грција во Северна Македонија Димитрис Јанакакис во проштална средба.

— реклама —

Министерот Османи го поздрави севкупниот ангажман на амбасадорот Јанакакис за време на неговиот мандат во Северна Македонија, во кој беа реализирани историски моменти во билатералните односи, како што беа подготовките но и самото потпишување и спроведување на Преспанскиот договор. Покрај можноста за создавање на нова фаза во билатералните односи и преземање на серија активности за нивнот продлабочување, беше овозможено нашата држава да ги оствари најзначајните надворешно политички приоритети, полноправното членство во НАТО и одлуката на Европскиот совет во март за започнување на пристапните преговори со Европската унија.

„ Со нашиот заемен ангажман покажавме дека успешното разрешување на долгогодишното отворено билатерално прашање стана модел за други држави во регионот, придонесе за интензивирање на регионалната соработка и со тоа за европската перспектива на регионот“ истакна министерот Османи и додаде: „Грција продолжува да биде гласен лобист за ЕУ-напредокот на Северна Македонија и останатите држави од регионот“.

— реклама —

Министерот Османи му се заблагодари на амбасадорот Јанакакис за помошта во реализацијата на сите активности кои во изминатиот период придонесоа за интензивирање на соработката меѓу двете држави, во повеќе области од заемен интерес и со заедничка координација и работење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања