Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е повикан во Хаг како сведок, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, по размената на ресорите.
„Пред државни микрофони не одговарам на партиски прашања, но Али Ахмети е повикан во Хаг како сведок“, истакна Османи.
Лидерот на ДУИ Ахмети минатиот месец на неговиот фб профил објави дека на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, како сведок и еден од основачите на ОВК.