„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Османи утре во Брисел на средба со Могерини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Osmani-Mogerini

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи утре ќе престојува во Брисел каде ќе се сретне со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

— реклама —

Средбата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, ќе биде искористена за да се реафирмира подготвеноста на земјава за напредок во европските интеграции во пресрет на Самитот на ЕУ во октомври.

Во рамки на посетата, Османи ќе оствари средба и со државната секретарка за европски прашања и претставничка на Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбич, како и со директорката за Западен Балкан во рамки на Генералниот директорат за соседство и проширување во Европска Унија – ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

— реклама —

Работната посета на Брисел е дел од турнејата на вицепремиерот Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ. По Брисел, следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата. /МИА

Извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања