Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, во својство на Главен преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ, денеска ќе ја предводи владино – државната делегација во Брисел на работна сесија со претставниците на Европската Комисија, каде ќе биде претставено поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност, соопштија од кабинетот на Османи.
За време на посетата, како што посочуваат во соопштението, Османи ќе одржи и неформален брифинг со претставници на работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан, каде ќе биде претставен и Планот 18, а ќе оствари и работна седба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.