Вицепремиерот Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на ДУИ, денеска изјави дека прашањето за објавените прислушувани телефонски разговори, бо ДУИ не било разговарано и дека нема да коментираат приватни разговори.
„Во ДУИ ова прашање воопшто не е разгледано, ниту во никаква форма анализирано, бидејќи сметаме дека не е прашање што треба партијата да го разгледа, ниту не засега. Тоа е прашање на институциите којшто треба да ја гарантираат приватната комуникација и тоа институциите треба да го сторат. Апсолутно немаме никаква вознемиреност во тој дел ниту нешто посебно правиме. ДУИ била предмет на специјални војни од кога постои, но од сите предизвици излегла секогаш посилна“, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање.