Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Османи за „Еуровија“: Можете да ме обвините за сѐ, но за корупција не

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Од медиумите дознав дека фирмата „Еуровија“ е донатор на ДУИ, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по информациите дека оваа фирма го добила тендерот од 1,8 милион евра за министерската конференција на ОБСЕ во Скопје.

— реклама —


Министерството, како што рече, нема никаква можност да реагира и да го поништи тендерот и повтори дека според законската постапка, треба да се избере најевтината понуда.

— реклама —


„Кога би било одреден квалитет и цена, вие субјективно одлучувате, но не можете да влијаете врз изборот кога има само цена. И да беше еден денар, немавме можност за поинаков избор. Тука разликата е дури четирипати поевтина“, рече Османи.

— реклама —

„Можете да ме обвините за сѐ, но за корупција не можете, ниту кога сум бил и доктор. Таа особина ја немам и особено не за ваков важен настан за државата. Знам дека е тешко за верување, но дознав од вас медиумите дека фирмата е донатор. Ги повикувам институциите да истражат сѐ“, вели Османи, со цел, како што рече, само да не се „брука државата“.


Објасни дека не постои закон што предвидува да се врши ветинг на компаниите што учествуваат во постапките на јавни набавки, па затоа фирмата не била проверувана, туку само била оценета нејзината понуда, која е најевтина од другите три понуди.

— реклама —

„Постапката е крајно транспарентна, Министертсвото нема никаква можност да реагира и да го поништи тендерот. Ова е најважен настан во мојата кариера и никогаш не би дозволил да остави дамка. На службите им реков веднаш да ја пратат целата документација до антикорупциска комисија и до Обвинителството. И вие да бевте на мое место, ќе немавте друг избор, ќе го направевте тој избор, инаку ќе одговоравте. Еве, да донесеме закон за компаниите што донираат на партии да не може да учествуваат на тендери. Знам дека не ви се верува, јас од медиумите дознав дека фирмата е донатор на ДУИ. Не бев среќен кога ми го донесоа извештајот за рангирање оти ги очекував ваквите реакции“, рече Османи.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања