„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Османи за Усеини: Прва ќе се руши дивоградбата на Нефи, но кога ќе почне неселективното рушење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bujar-osmani-696x396

Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави дека по инцидентот во кој советникот на ДУИ во oпштина Охрид, Нефи Усени, нападнал професор и жител на Охрид затоа што пријавилe див приклучок на водоводната мрежа,централата на ДУИ остварила комуникација со огранокот во Охрид.

— реклама —

-Одговорот што го добивме од таму беше дека доколку се почне со неселективно рушење на дивоградбите, ќе ја имаме честа да почнеме од него со рушење. Зошто го кажувам ова, бидејќи неселективниот пристап е најважен. Нема потреба да се партизира и политизира оваа работа. Секој си носи одговорност за постапките, рече Османи за дивоградбата кај чинарот во Охрид, пренесува Фокус.

На прашање дали по инцидентот ДУИ ќе го исклучи од партијата Нефи Усеини, Османи рече:

— реклама —

-ДУИ нема да поддржи или заштити некој доколку го има прекршено законот. И во делот на дивоградбите пораката е да се почне со неселективно рушење на сите дивоградби, не само во Охрид, туку низ целата држава – рече Османи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања