„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Османи: За време на Романското претседателство очекуваме конфирмација на одлуката за почеток на преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
osmani-2

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи кој е во работна посета на Република Романија оствари средба со Премиерката на Република Романија, Виорика Данчила.

— реклама —

„Преземањето на шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ од страна на Романија, доаѓа во еден од најтурбулентните периоди на Европа, во пресрет на предизвиците од претстојните избори, сѐ уште неразјаснетите околности под кои ќе се одвива БРЕГЗИТ итн.“ - истакна Османи на средбата, пренесувајќи и ги на Премиерката Данчила честитките во името на Владата на Република Македонија.

„Дозволете да ги пренесам нашите уверувања дека, како земја - кандидат, ќе дадеме соодветен придонес во остварувањето на вашите приоритети како претседавач, имајќи предвид дека истите претставуваат вредности кои целосно се совпаѓаат со нашите државни приоритети“, истакна Османи, посочувајќи и на конвергенцијата, безбедноста и кохезијата, како приоритетни потреби за сите земји од регионот.

— реклама —

„Искрена благодарност и за вашата иницијатива процесот на проширување да го одржите високо на агендата на вашето претседателство, како еден од фундаменталните елементи за обезбедување на вториот приоритет - безбедна Европа“ истакна Османи на средбата, изразувајќи уверување дека Република Романија, неповратно ќе се вгради во историјата на Македонија, како земја под чија палка земјава ќе добие датум за почеток на преговорите во јуни оваа година.

За време на посетата, Османи ќе оствари средби и со повеќе претставници на владиниот и државен врв. Негов домаќин е Министерот делегиран за европски прашања, Џеорџе Чиамба, а ќе оствари средби и со Министерот за Надворешни работи Теодор Малешкану, како и со Министерката за Европски фондови, Рована Плумб. Во рамките на посетата на Романскиот Парламент, Османи веќе оствари средби и со Претседателката на Комисијата за Европски прашања, Габриела Крету, како и со Потпретседателот на Домот на Претставниците (Долниот дом), Флорин Лордаке.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања