Промени тема
Контакт

Основните продукти поскапеа за 70%, а Ковачевски се фали со враќање на дел од одземените пари на пензионерите од 5.5%, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
market
Илустрација

Основните продукти поскапеа за 70%, а Ковачевски се фали со враќање на дел од одземените пари на пензионерите од само 5.5, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Во изминативе година ипол основните продукти поскапеа драстично. Млекото е поскапо за 22%, брашното за 38%, зејтинот за 46%, дизелот за 63%, бензинот за 69%. И додека цените на овие продукти вртоглаво растеа, пензиите не се зголемија ниту еднаш. За сега Ковачевски да се фали со 5.5% покачување на пензиите, кое допрва треба да го реализира.

Ковачевски не ги зголемува пензиите, туку само го враќа моделот на пресметка за покачување на пензиите кој го укинаа Заев и Царовска, а беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година.

— реклама —

СДСМ во изминативе 3 ипол години им украде пари на пензионерите, кои нема да ги врати.

Овие 5.5% најавено покачување одамна се изедени од покачувањето на цените на основните продукти.

— реклама —

Доколку СДСМ беше искрена со пензионерите ќе го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите за 20%.

— реклама —

СДСМ се неискрени и земаат од пензионерите, а сега, откако претходно 3 ипол години ги ограбија пензионерите сакаат да ги манипулираат со незначително покачување“; се вели во соопштението.

/slika1-07032022" rel="attachment wp-att-170630">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања