Промени тема
Контакт

Осомничениот за смртната несреќа во Капиштец имал досие во МВР уште како малолетник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-libraryiqhfr5sq9egc1XgoYzT

Осумнаесетгодишниот Саит Саитов, кој е во бегство по сообраќајната несреќа со смртен исход во скопската населба Капиштец, има досие во Министерството за внатрешни работи, потврдуваат од полицијата. Според МВР, Саитов уште минатата година, кога бил малолетен, бил санкциониран поради управување моторно возило без положен возачки испит, исто како и во случајот кога ја усмрти Љуба Јаковлеска.

Од МВР за „Скопје1“ информираат дека за Саитов, по барање на СВР Скопје, во 2025 година му била изречена санкција по член 225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за управување возило без положен возачки испит. Истовремено, за неговиот татко Берти Саитов била поднесена прекршочна пријава по член 317 став 14, поради давање возило на управување на лице без возачка дозвола.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишниот осомничен за кривичните дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, поврзани со несреќата што се случи на 9 јануари на улицата „Народен фронт“ во Капиштец. Според обвинителството, осомничениот управувал патничко возило „фолксваген пасат“, извршил непрописно поместување налево, навлегол во лента од спротивен правец и возел со брзина неприлагодена на условите, при што немал важечка возачка дозвола.

— реклама —

Во тие околности, со возилото удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот, а по ударот и падот на асфалтот таа се здобила со тешки телесни повреди. Наместо да ѝ укаже помош, осомничениот го напуштил местото на настанот. Повредената била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна починала и покрај укажаната медицинска помош.

— реклама —

Обвинителството информира и дека уште две лица, маж и жена, се осомничени дека му помогнале на возачот по извршувањето на кривичното дело, пренесувајќи го со свој автомобил преку граничниот премин Табановце и овозможувајќи му да ја напушти државата. По нивното враќање во земјата тие се лишени од слобода, а за нив е побарана мерка притвор.

Притвор е побаран и за осомничениот возач, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, а мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази, по него е распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за кривично дело казниво по член 300 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од надлежните институции упатуваат апел до граѓаните, доколку имаат какви било сознанија за движењето или престојот на осомничениот, веднаш да ја известат полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7dk9hfnjg8siaW5YfEh

Бегал од полицијата, па удрил во ѕид и службено возило: 20-годишникот бил баран за две години казна затвор

Македонија | пред 7 минути

media-library17k4rgcrt7s4diaywL3

Казнети 140 возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Македонија | пред 16 часа

kanjonmatka

Расправија за чамец во Долна Матка прерасна во физички напад: Семејство нападнато од три лица

Македонија | пред 19 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Десет возачи лишени од слобода за безобѕирно возење, девет биле без дозвола

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања