Промени тема
Контакт

Осомниченот за убиството на новинарката екстрадиран во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
osomnicen

Германија ѝ го екстрадираше на Бугарија осомничениот за убиството на бугарската телевизиска новинарка Викторија Маринова, објави официјален претставник од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

„Германските власти го екстрадираа 21-годишниот жител на градот Русе“, објави Министерството за внатрешни работи, пренесе Ројтерс.

— реклама —

Бугаринот Северин Красимиров ќе биде обвинет за силување и убиство на 30-годишната Маринова, чие тело беше пронајдено во паркот во нејзиниот роден град Русе на 6 октомври.

Германскиот обвинител потврди дека Красимиров бил екстрадиран во Софија со лет од Франкфурт.

Красимиров минатата недела е уапсен во Германија и призна делумна вина пред германскиот суд.

— реклама —

Полицијата соопшти дека Маринова била претепана, силувана и задавена.

Обвинителството соопшти дека доказите не укажуваат на тоа дека смртта на Маринова е поврзана со нејзината работа и дека укажуваат на случаен сексуален напад, иако сите можности се испитуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања