Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Останува мерката за субвенционирање на струјата за граѓаните, 2.000 денари помали сметки само со оваа мерка, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Во време на најголема економска и енергетска криза во светот, Владата предводена од СДСМ презема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и ублажување на последиците, вели СДСМ

— реклама —

„Во моментов се работи на редизајнирање на мерките со цел тие да бидат потаргетирани во периодот кој што претстои и најмногу да бидат насочени кон поддршка на најпогодените од кризата, а од почетокот на годината се реализирани низа мерки за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Се уште е на важност мерката за субвенционирање на струјата за граѓаните.

— реклама —

Со помош на овие субвенции просечно семејство заштедува околу 2.000 денари месечно на сметките за електрична енергија.

— реклама —

Без субвенциите на државата за електрична енергија, секое семејство би имало сметка за струја повисока за 2.000 денари.

Истовремено се помагаат и ранливите категории граѓани кои добиваат дополнителни субвенции на сметките за електрична енергија.

— реклама —

СДСМ како одговорна партија продолжува со нови мерки и нови форми на помош како поддршка за граѓаните и компаниите во справувањето со последиците од кризата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања