Промени тема
Контакт

Оставка од Мицкоски по признанијата и пресудите за Титаник, бара СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-18.02

Пресудите во предметот Титаник го потврдија криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

„Се потврди дека постоело злосторничко здружение кое ја фалсификувало волјата на граѓаните, вршело изборен поткуп, злоупотребувало пари и институции и незаконско финансирало изборни кампањи.

По вчерашните пресуди, Христијан Мицкоски мора да си поднесе оставка заедно со неговиот Извршен комитет, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана партија, со истите луѓе кои биле дел од судски процеси, со судска пресуда за сторен криминал.

— реклама —

Во Титаник обвинети се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски.

Мицкоски е некогашна десна рака на Груевски, негов советник и генерален секретар.

— реклама —

Во актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето на Груевски, како Александар Николоски и Владо Мисајловски, но луѓе за кои има други обвиненија, како Антонио Милошоски и Игор Јанушев.

— реклама —

Затоа Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се повлечат.

СДСМ апелира на ефикасна истрага и завршница на процеси против поранешни и актуелни политичари без разлика дали се на власт или во опозиција“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања