Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Оставка од раководството во Сојузот на здруженијата побараа пензионерите на протестот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

„Не сакаме 6% сакаме достоинствени 78%“, „Протест за преживување“, „Бараме 3.500 линеарно покачување“. Со вакви транспаренти излегоа пензионерите на протестот пред Сојузот на здруженијата на пензионерите од каде повикаа на повисоки пензии, но и оставки.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Присутните побараа оставка од раководството на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, коментирајќи дека нивната работа треба да биде истражена од антикорупциската комисија и обвинителството.

— реклама —

Пензионерите побараа линеарно зголемување на пензиите и утврдување на минимална пензија.

Тие потоа се упатија кон Министерството за труд и социјална политика каде што ќе бараат средба со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

— реклама —

На патот кон Министерството за труд каде присутните извикуваа „Оставка“, „Ништо туѓо не бараме“, „Срамота“.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања