Еден од осудените во кумановските настани, Шефхет Халачи, комуницирал од затворската ќелија преку мобилен телефон со поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи на 19 јуни оваа година.
Халачи и се јавил на Фетаи и и кажал дека има 140 гига бајти прислушувани разговори кои тој ги праќал и на Ел Чека, таа му кажала тие снимки да ги испрати и до поранешното Специјално јавно обвинителство.
Обвинителката Фетаи појасни дека меѓу снимките што и ги пратил Халачи, покрај за „Монструм”, има материјали и за други случаи што ги водеше поранешното СЈО, а сега ги води Обвинителството. Фетаи на денешното рочиште за „Монструм“ истакна дека сите материјали кои ги добиле во СЈО од Халачи, се предадени на Судот.
Судењето за „Монструм“ е во тек, се чита документацијата што е изработена од извршениот увид.
фото: Архива