Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Осуденици цела недела ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarya76ucg5fuinr9AHzvhC

Од денеска започна седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ државата, која ќе трае до 22 јули, соопшти Управата за извршување на санкциите.

— реклама —

Акцијата се реализира во соработка со ЈП „Македонија пат“, врз основа на потпишан меморандум за соработка, а во неа се ангажирани осудени лица од повеќе казнено-поправни установи.

— реклама —

На почетокот на активностите увид извршија заменик-директорот на ЈП „Македонија пат“, Александар Шуковски, како и Јован Петров и Љупчо Настоски од Кабинетот на директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов.

— реклама —

Во акцијата се вклучени осудени лица од КПД „Идризово“, КПД Штип, КПД Прилеп, како и од КПУ Скопје, Куманово, Битола, Гевгелија, Струмица и Струга.

— реклама —

Од Управата посочуваат дека работното ангажирање се одвива на магистралните и регионалните патишта во непосредна близина на установите во кои осудените ја издржуваат казната и дека тие во текот на целата акција се под постојан надзор на затворската полиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања