Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Осуденици добивале излези и одмори без право – се гонат поранешни директори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ц. (41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М. (36) од Струмица, поранешен в.д. директор на истата установа, и В.Т. (42) од Струмица, заповедник на затворската полиција, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Според полицијата, Б.Ц. и В.М., злоупотребувајќи ја својата функција, во повеќе наврати постапувале спротивно на член 70 од Правилникот за куќен ред. Тие издавале решенија со кои на осудени лица им биле доделувани погодности без спроведување на задолжителната постапка. На овој начин, Б.Ц. во три случаи му овозможил на едно лице краткотраен излез од установата, додека В.М. во 32 наврати овозможил краткотраен излез на седум лица. Во два случаи тој дозволил и користење на годишен одмор за две осудени лица, иако тие не ги исполнувале условите. Дополнително, В.М. овозможил на четири лица да бидат префрлени од полуотворено во отворено одделение, иако за тоа немале право.

— реклама —

Пријавениот В.Т., пак, од В.М. добил писмено овластување да врши работи од областа на ресоцијализација, иако немал соодветно образование за тоа. Во исто време тој продолжил да ја раководи и затворската полиција, извршувајќи две исклучително важни и одговорни функции кои се неспоиви.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Турски државјанин баран за убиство во Македонија уапсен на граничен премин во Албанија

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarymq4e4hct6a5nf4hS35g

(Видео) Откриен и санкциониран скопјанецот кој со камион истураше градежен шут на зелена површина

Македонија | пред 15 часа

media-libraryv5rp0p9i7q99amaitxz

Дрога, дигитални ваги и пари пронајдени при претрес во дом во Велес

Македонија | пред 16 часа

media-librarymoi56gags4e9fDeie1C

Двајца дрвокрадци приведени во прилепско и крушевско, одземени нежигосани дрва

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања