Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Осудениот за сексуална злоупотреба на малолетничка Стефан Димовски седум месеци е во бегство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 43 минути -

Македонија
siluvanje-1-640x432-163518

Правосилно осудениот велешанец Стефан Димовски (29), кој треба да издржува затворска казна од осум и пол години за случај на сексуална злоупотреба на дете, веќе седум месеци е во бегство. И покрај распишаните централна и меѓународна потерница, тој сè уште не е пронајден и не е спроведен на издржување на казната.

Апелацискиот суд му ја зголеми првостепената казна од пет и пол на осум и пол години затвор. Претходно Димовски беше во домашен притвор, со гаранција од 70.000 евра, а имаше и забрана за напуштање на местото на живеење. Откако дознал за повисоката казна, пред нејзиното официјално објавување, тој исчезнал.

— реклама —

Од Основниот суд во Велес информираат дека на 3 април 2026 година СВР Велес издал наредба за негово приведување. Бидејќи не бил пронајден, на 8 април била распишана централна потерница, а истовремено било поднесено барање за поведување екстрадициска постапка. На 4 мај Интерпол Скопје распишал и меѓународна потерница.

— реклама —

„Постапката е во тек“, информира судијката Сања Велевска, портпаролка на Основниот суд Велес.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање. Засега нема информации дали осудениот се крие во земјава или успеал да ја напушти државата, иако пасошот му бил одземен.

— реклама —

Случајот се однесува на сексуална злоупотреба и експлоатација на малолетно девојче. Според обвинението, Димовски во декември 2021 година стапил во контакт со тогаш 15-годишното девојче преку Инстаграм, по што со континуирана комуникација ја стекнал нејзината доверба и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска.

— реклама —

На нивната прва средба бил направен компромитирачки материјал со интимна содржина, кој подоцна го користел за уцена. Ѝ се заканувал дека ќе ги објави снимките доколку не доаѓа на следните средби. На тој начин, според обвинението, ја принудувал да посетува станови изнајмувани на повеќе локации во Велес, каде што останатите 11 обвинети вршеле полови дејствија, сексуална експлоатација и порнографија.

При образложувањето на првостепената пресуда, судијката Даниела Димовска упати порака за пошироката општествена одговорност и опасностите на кои се изложени младите, посочувајќи ги и прашањата за достапноста на наркотични дроги, родителскиот надзор и здравиот развој на децата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања