Осум години гинат цивили во Донбас, а Македонија не реагираше, вели Крмов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Borislav-Krmov-DHaferi-Blograne-sobranie

Осум години гинат цивили во Донбас, а Македонија не реагираше, вели пратеникот од Левица, Борис Крмов.

— реклама —

Објасни дека неговата партија не ја поддржа Декларацијата за осудата на рускиот напад во Украина.

— реклама —

„Најголем дел од луѓето мислат дека војната е од вчера, односно тие осум дена откако почна војната. Не е од сега, туку е од 2014 година, а имаме ситуација да осум години луѓето во Донбас се нон-стоп гранатирани и бомбардирани. Имаме 14 илјади цивилни жртви, од кои според Обединетите нации 81% се од страната на Донбас“, изјави Крмов.

— реклама —

Тој вели дека Декларација е еднострана.

„Го немаме моментот од 2014 година, од насилното рушење на власта во Украина, немаме осум години убивање на цивили, го нема нивното константно кршење на права во источна Украина. Пример е дека еден ден беше забранет рускиот јазик, беа подложни на асимилација и на крај, улогата на НАТО како главен провокатор и воен хушкач во оваа ситуација. Токму заради таа едностраност, ние како партија Левица нема да ја поддржиме оваа декларација“, појасни Крмов.

Веќе десет дена Русите и Украинците војуваат во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања