Промени тема
Контакт

Осум години од големата поплава која ги погоди Стајковци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
nevreme-stajkovci

Денес навршуваат осум години од големата поплава која ги погоди Стајковци и околните населени места од општина Гази Баба.

Како последица од истата, животот го загубија 22 жители на општина Гази Баба и беше нанесена сериозна материјална штета.

По повод годишнината од поплавата, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша:

— реклама —

Почитувани граѓани,

Денес навршуваат осум години од катастрофалната поплава која ја зафати општина Гази Баба.

22 наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш.

— реклама —

Материјалната штета беше огромна.

Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе се.

Кога навидум се беше разрушено се виде светлото на крајот од тунелот. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот, илјадници граѓани ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општина, нашиот дом.

— реклама —

Како градоначалник на општина Гази Баба и денес изразувам благодарност до сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата.

Почитувани граѓани,

Жртвите од поплавата, како и солидарноста и хуманоста на илјадници луѓе кои помогнаа во справување со последиците од истата не смееме никогаш да ги заборавиме.

Гази Баба се сеќава!

Никогаш да не се повтори!

Никогаш да не се заборави! - напиша Стефковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања