Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Осум возачи уапсени за безобѕирно управување, петмина возеле без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryl83rfetao1pedcgre47
Илустрација / Скопје1

Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации во државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

— реклама —

Од МВР информираат дека петмина од приведените управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.Р. (55) од село Сарај, скопско, М.С. (29) од село Петровец, скопско, И.М. (51) од село Ранковце, Е.Е. (19) од село Десово, прилепско и 17-годишник од село Бузалково, велешко.

— реклама —

Според МВР, 17-годишникот со мотоциклот што го управувал удрил во тригодишно дете.

Дополнително, две лица управувале возило и покрај активна забрана за управување со возило од Б категорија. Тоа се Д.Б. (37) од Куманово и Б.С. (54) од Богданци. Кај Б.С., покрај активната забрана, било утврдено и дека управувал под дејство на алкохол.

— реклама —

Од слобода бил лишен и Ј.А. (56) од село Дулица, Општина Македонска Каменица, поради управување возило под дејство на алкохол.

— реклама —

По целосното документирање на случаите, против осумтемина ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 17 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 17 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања