Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Осумнаесет возачи приведени за едно деноноќие, најголем дел возеле без дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarylcrm0krqlluc1ZAc7k8

Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 18 возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 17 возачи управувале возила без возачка дозвола. Петмина биле затекнати во Скопје, тројца во Прилеп, а по еден во Битола, Кочани, Делчево, Кичево, Валандово, Гевгелија, Велес, Неготино и на подрачјето на Тетово.

— реклама —

Меѓу приведените е и возач од селото Дулица, општина Македонска Каменица, кој управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или кога се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања