Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Освен што не направи ништо за Резолуцијата во Бундестагот, Мицкоски покажа големо незнаење, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sdsm-i-mickoski

Христијан Мицкоски и неговата ДПМНЕ, не направија ништо околу Резолуцијата што ја усвои германскиот Бундестаг, вели СДСМ

— реклама —

„Дополнително, Мицкоски покажа големо незнаење околу тоа како функционираат меѓународните односи и процесот на интеграција во ЕУ.

— реклама —

Мицкоски и ДПМНЕ свесно ја лажеа јавноста дека тие ќе обезбеделе подобра преговарачка рамка, иако сите претставници на ЕУ јасно кажуваат дека преговарачката рамка не може да се менува.

Не само што не можат да обезбедат нова преговарачка рамка, Мицкоски и ДПМНЕ не се способни ниту да лобираат за својата држава.

— реклама —

И покрај тоа, Мицкоски се уште има шанса да застане на вистинската страна и треба да ја искористи подадената рака на лидерската средба на која беа прифатени сите негови услови.

— реклама —

Ако навистина е за европската иднина на државата, тогаш тој треба да состави тим кој ќе се приклучи во дијалогот и ќе учествува во спроведувањето на уставните измени со цел, процесот на интеграција во ЕУ да се забрза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања