Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стана управител на бизнис центарот „Соравиа“ во Скопје, откако беше објавено дека една од неговите фирми претходно треба да добие сопственички удел во овој деловен комплекс, дознава „Фактор.мк“.
Од 13 септември, Дрин Ахмети е втор директор во „Соравиа Инвест“, заедно со постоечкиот бугарски државјанин Валери Атанасов. Хано Соравиа и натаму се води како сопственик на компанијата.