Промени тема
Контакт

Отишле да го посетат и го пронашле мртов, никој од персоналот не ни забележал, потресно сведоштво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-bitola

Пациенти препуштени сами на себе без грижа, а за починатите не ги известуваат членовите на семејството – вака изгледа сликата за Клиничката болница во Битола која ја опишаа роднините на 79-годишниот Трајко Бојоски.

Бојоски во понеделникот починал на Интерното одделение, а до вчера неговото семејство не добило отпусна листа, ниту знаат од што починал.

— реклама —

Како што велат неговата сопруга и ќерка, 79-годишниот маж неколку пати бил приман и враќан, а по часови убедување со докторите, во неделата бил примен на Интерното одделение во болницата. Тој примал само симптоматска терапија, како што вели ќерка му, а другиот ден го нашле врзан за креветот откако веќе еднаш паднал од него.

— реклама —

„Мажот ми беше целиот изврзан како на бесилка. Рацете врзани за креветот и провиснати надолу и нозете врзани и расчекорени. Јас се запрепастив и барам сестра, ама нема“, вели сопругата Блага Бојоска за „Алфа ТВ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања