Кралицата Елизабета Втора се согласи британскиот парламент да биде суспендиран во септември, само неколку недели пред крајниот рок за Брегзит.
Премиерот Борис Џонсон, како што пренесе ББС, изјави дека кралицата Елизабета Втора ќе го одржи својот традиционален говор по суспензијата, на 14 октомври, за да нагласи „многу возбудлива агенда“.
Со ваквата одлука се скратува времето на пратениците да донесат закони кои би го спречиле излегувањето на Велика Британија од Европска Унија на 31 октомври без договор.
Претседателот на преставничкиот дом Џон Беркоу рече дека „целта е пратениците да не дебатираат и да не ја исполнат својата должност во обликувањето на иднината на земјата“Само 27 отсто Британци го поддржуваат едномесечниот прекин на работа на Парламентот прогласен од британскиот премиер Борис Џонсон. Четириесет и седум отсто Британци се против тоа Парламентот да ја прекине работата. Тоа се наведува во анкета на ЈуГов направена за Тајмс.
Во анкетата се додава дека 51 отсто од поддржувачите на напуштање на ЕУ го одобруваат потегот на Џонсон, додека само девет отсто тој потег има поддршка кај оние кои се против излегување од ЕУ.