Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Откако на албански јазик долго зборуваше за Камчев и уставните измени, Лога на македонските медиуми им рече дека не сака да коментира надвор од темата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Откако на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и уставните измени, министерот за правда, Кренар Лога на медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Настанот се однесуваше на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Општина Боговиње.

— реклама —

Претходно Лога, околу седум минути одговараше на разни прашања поставени од медиумите на албански јазик, а на македонски јазик одговор даде само на прашањето дали се размислува за нови законски измени затоа што Законот за матична евиденција е оспорен пред Уставен суд. Изрази очекувања дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и законот ќе биде во сила понатаму.

Веднаш потоа беше прашан за дигитализацијата на матичните книги, но одби да одговори, коментирајќи дека не сакал да го злоупотребува настанот за други прашања.

— реклама —

По инсистирањето на новинарот да каже што може да се преземе, со цел поголема заштита при пренесување на податоците во дигитална форма, министерот само ги упати да се обратат до директорот на управата за матични книги бидејки тој немал такви информации.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања