Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Откако почина последната жирафа: “ Каде е раководството на Зоо Скопје да се произнесе или поднесе оставка?, прашува Анима Мунди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-4680PM

“Што се случува со Зоо Скопје, кој ја мониторира здравствената состојба и ја гарантира безбедноста на животните, се откри ли кој ги отру и уби ретките коњи пред неколку месеци; која е причината што вчера почина и жирафата Флопи?!”, прашуваат Анима мунди.

— реклама —

Тие во реакцијата додаваат:

“Кога конечно ќе разбереме дека животот зад решетки не е живот туку казна, кога ќе биде веќе еднаш доволно од нивното страдање во доживотно заробеништво и генерирање профит врз грбот на нивните несреќни судбини!

— реклама —

Бараме итно запирање на прием на нови единки и промена на концептот на Зоолошките во Македонија во центри за рехабилитација на животните, престојот да биде ставен во функција на оние животни кои се веќе затекнати и живи, со забрана за набавка на нови. Бараме да се искористи секоја можност за нивно подарување во центри во Европа кои се поадекватни за нивната благосостојба за што се ставаме на располагање.

— реклама —

Потсетуваме, животните се држат на тесен простор, на доживотна робија, немаат приватност, и има многу малку можност за нивна ментална стимулација, социјализација со сопствениот вид или телесна активност. Тоа резултира во абнормално и самодеструктивно однесување кое се нарекува зоохоза (од "зоо психоза").

Величествените животни во Зоолошките стануваат само свои бледи сенки. Одземено им е сѐ што животот го прави вреден за живеење: семејството, заедницата, слободата и можноста да одберат како ќе го минат својот живот - дури и кога тие животи не се нималку лесни.

— реклама —

Бараме да се овозможи комплетен видео мониторинг на сите животни 24/7 и увид во видео надзорот на сите живеалишта, итно да се открие која е причината што вчера почина и младата жирафа Флопи. Каде е раководството на Зоо Скопје да се произнесе или поднесе оставка? Бараме итна стручна анализа што се случува и казни за сите кои се одговорнст”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања