Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Откако полиција удри по жените, Ердоган ги обвини за непочитување на исламот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Турскиот претседател Тајип Ердоган ги обвини жените кои маршираа во центарот на Истанбул на 8 март дека не го почитуваат исламот бидејќи гласно негодувале на  повикот за молитва.

— реклама —

Неколку илјади жени се собраа во петокот во центарот на Истанбул за да го прослават Меѓународниот ден на жената, но полицијата со солзавец  ги растера.

На изборен митинг кој беше емитуван на телевизија, Ердоган покажа видео снимено за време на протестот, на кое се  гледа како жените извикуваат пароли додека од блиската џамија се слуша повик за молитва.

— реклама —

– Тие покажаа непочитување кон повикот за молитва, рече Ердоган.

Жените кои учествуваа на маршот на Твитер напишаа дека пеењето и свиркањето било дел од демонстрациите и не било насочено на повикот за молитва, кој почнал за време на нивниот протест.

Полицијата во Истанбул со употреба на солзавец го запре собирот по повод Меѓународниот ден на жената. Безбедносните сили со заштитни елеци им се заканувале на демонстрантите на улицата Истиклал и со кучиња, јави агенцијата АФП. Многу од жените побегнале во околните улици. Според дел од видео снимките објавени на социјалните медиуми, полицајци пукаат со гумени куршуми пред или на стапалата на демонстрантите.

Борците за женски права постојано ја обвинуваат владата на Реџеп Таип Ердоган дека не презема доволно мерки против насилството врз жените.Темата се најде во фокусот еден ден пред 8 март, кога почна судскиот процес против познатиот актер Ахмет Курал, кој е обвинет дека ја тепал својата партнерка, турската поп-пејачка Сила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања