Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Откако со фантомки ограбија скопско казино, Обвинителството реши дека ќе ги гони за разбојништво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
policija-krazba

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Еден од осомничените го сторил делото како соизвршител, додека второто осомничено лице помогнало во вршењето на кривичното дело.

Осомничениот 22-годишен скопјанец, на 20 јули 2019 година , околу 22.00 часот, заедно со едно засега непознато лице – негов соизвршител, со употреба на  пиштол се заканиле на двајца вработени во казиното „Адмирал“ лоцирано на улица „12 Македонска Бригада“. Притоа тие, маскирани со фантомки, влегле од задната врата на казиното и одзеле  парични средства во вкупен износ од 126.161,00 денари. Во исто време, второосомничениот, 19-годишен скопјанец ги чекал двајцата сторители во возилото   марка „Ауди А5“ кое го ставил на располагање за обезбедување превоз , со што помогнал во вршењето на кривичното дело. Откако осомничените излегле од казиното, биле пресретнати од овластени службени лица по што се дале во бегство.

— реклама —

Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека се исполнети законските основи за обезбедување на непречено водење на кривичната постапка, па до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот  и мерки на претпазливост за второосомниченото лице. Предлогот на обвинителството беше прифатен од судот, по што на осомничениот кој се гони за соизвршителство  му е определен притвор со траење од 30 дена. На осомничениот кој помогнал во вршењето на кривичното дело му се определени мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува  на определено службено лице во надлежен државен орган и одземање на патна исправа, односно забрана за нејзино издавање.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања